Економија 02. март 2021. / 08:32

Битиќи и Бесими ќе имаат работна средба со претседателот на Стопанската комора, Азески

Битиќи и Бесими ќе имаат работна средба со претседателот на Стопанската комора, Азески

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска ќе имаат работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Од Стопанската комора на Македонија информираа дека работна средба ќе се реализира во врска со покренати иницијативи кои преку Комората биле предложени од бизнис заедницата, а се прифатливи за Министерството за финансии.