Економија

Беса бара итен почеток на постапката за исплата на субвенциите

Беса бара итен почеток на постапката за исплата на субвенциите

Движењето Беса бара од Владата во најкус можен рок да го започне процесот на исплата на субвенциите и да им овозможи на земјоделците, без никакви пречки, својот труд да го пласираат тука и за тоа да бидат наградени.

„Иако Владата вети дека субвенциите за производителите на тутун ќе почнат да се исплаќаат во текот на април, до денес помина повеќе од еден месец и сè уште нема никаков конкретен чекор од страна на Владата за плаќање на субвенциите. Потсетуваме дека веќе е почната реколтата за 2019 година и потребите за подршка на производителите на тутун во овој период се многу големи“, порача преку соопштение Беса на Биљал Касами.

Партијата додаде дека процесот на исплаќање мора да започне итно имајќи го предвид фактот дека животниот стандард секојдневно се влошува и тие што со години се занимават со земјоделство и перспективата ја гледаат надвор од Македонија.