Економија 21. август 2018. / 14:55

Бенетон изгуби милијарди по трагедијата во Џенова

Бенетон изгуби милијарди по трагедијата во Џенова

Трагедијата во Џенова по уривањето на мостот предизвика пад на нето богатството за 2 милијарди долари на една од најбогатите фамилии во Италија .

Семејството милијардери Бенетон контролира 30,25% од Atlantia – градежната компанија која управувала со мостот Моранди, кој се урна минатиот вторник кога настрадаа 43 лица.

Портпаролот на семејството Бенетон одбил да даде коментар за оваа тема.

 

Акциите на градежната компанија која е со седиште во Рим паднаа 26% до 4-годишно дно по трагедијата, додека владата се подготвува да започне постапка за престанок на концесијата на компанијата.

Семејството им предложило помош на жртвите на катастрофата и поддршка за обновување на услугата за транзитни врски.

Ова семејство е позанто и по водечкиот моден бренд на фамилијата кој почнува од една продавница за трикотажа, основан од браќата Лучијано, Гилберто.

Заедно со Atlantia семејството контролира акции во вредност од 9,3 милијарди долари во кои јавно тргувани компании, вклучувајќи 3% во Assicurazioni Generali и 29,9% во шпанската Cellnex Telecom. Покрај тоа, семејството поседува земјоделско земјиште во Аргентина и рагби тимот Тревизо.

Широкото портфолио му помогна на семејството да ги генерира едно од најголемите лични богатства во Италија.