Економија 16. август 2018. / 14:58

Бектеши: Ќе бараме нови пазари доколку Русија става блокади

Бектеши: Ќе бараме нови пазари доколку Русија става блокади

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека Македонија ќе бара други пазари како што се Европската унија, ако Русија продолжи со мерки, како што беше блокадата на увоз на праски од земјава. Тој рече оти не навлегува во тоа дали руската блокада за праските е политичка одлука или не, но дека секој држава има право да донесува свои одлуки.

„Македонија е насочена кон НАТО и ЕУ, а ако Русија става блокади ќе бараме нови пазари. Имајќи предвид дека најмногу соработуваме со ЕУ која е и нашиот трговски партнер, како и со нашите соседи, ќе најдеме други пазари“, истакна Бектеши.