Економија 31. јануари 2019. / 13:16

Бектеши: Бележиме значителен раст на индустриското производство

Бектеши: Бележиме значителен раст на индустриското производство

Со порастот на индустриското производство се зголемува и конкурентноста на домашната индустрија, и стимулот за нови иновации и истражувања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2018 година во однос на декември 2017 изнесува 7.9 %. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во 2018 година во однос на декември 2017 бележи раст од 4.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележиме пораст од 6.1 %, додека пак во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20.0%.

„Со овие позитивни податоци ние сме поблиску до целта за зголемување на конкурентноста на домашната индустрија, базирана на знаење, иновации и истражувања кои водат кон раст и развој, создавање стимулативна деловна и инвестициона клима и поддршка на претпријатијата за подобрување на нивните конкурентни способности со стекнување знаења, нови технологии и пазари.

Со имплементацијата на индустриската политика ќе се обезбеди стабилен развој на земјата врз основа на диверзификација и модернизација на економијата со креирање услови за производство на конкурентни производи, зголемување на вработеноста и пораст на извозот.“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.