Субвенциите не се тресат од ракав, туку се даваат според строго контролирани правила и услови. Земјоделците мора конечно да сфатат дека овие пари, чиј обем воопшто не е за потценување, се за реинвестиција, за осовременување и развој на стопанствата, порачува директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, во интервју за МИА.
Оценува дека земјава конечно направи успешна ИПАРД-приказна и ако до скоро се случуваше во Агенцијата да пристигне по некое празно барање, само со печат и потпис, или се чекаше и по 1,5 година за „средување“ на апликациите, сега се склучува договор за помалку од шест месеци. Се исфилтрираа оние што вистински сакаат да дојдат до европските пари и да вложат.
Бабовски вели дека полека се менува мислењето дека субвенциите се социјална мерка што, сепак, од друга страна е добро, иако оди бавно. Според него, субвенциите не се тресат од ракав, туку се даваат според строго контролирани правила и услови.
За ИПАРД, Бабовски вели дека вкупно 824 договори се реализирани во целост, а тоа значи: завршена инвестиција и вратени пари од ИПАРД на апликантот кој вложил. Се работи за вкупно 12,51 милиони евра.
Целото интервју тука
|
|