Додека мафијата на власт се богати и стекнува имоти и во странство, народот во Република Македонија тоне во сиромаштија. Зоран Заев како премиер на Република Македонија со денови го избегнува скандалот за кој пишуваа странски медиуми дека Заеви, нивни блиски луѓе до семејството стекнале ексклузивен имот на Халкидики во Грција. Дали Кланот Заеви метастазира до степен да го зафати целиот регион?, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.
Македонија поради Заев станува предмет на регионална опсервација, за тоа како земјоделското семејство Заеви за толку кратко време станало толку богато за да може да поседува луксузни имоти и вили во странски држави, додаде Арсовски.
Тој рече оти и македонската јавност и регионалната јавност отворено прашуваат уште колку имоти имаат Заеви надвор од Република Македонија, во време кога земјата е една од најсиромашните земји во Европа и на врвот по корупцијата во Европа.
Додека над 40 илјади лица останаа без работа, а приближно толку деца не можат да ја следат наставата, бидејќи нормално немаат основни услови и ИТ уреди да им обезбедат родителите заради сиромаштија, медиумите известуваат за луксузни хациенди покрај море, со базени кои народот може да ги види само на телевизија и на филмови.
Додека вредните лозари добиваат мизерни два денари за килограм откупено грозје, заработка со која не можат ни да ги покријат основните трошоци за живот некој стекнал толкаво милионско богатство со кое купува имоти и луксузни добра за своето семејство во случајот премиерот Заев.
Ова е вистинското лице на Република Македонија. На една страна е мафијата на власт, на друга страна е сиромашниот народ. Старите велат ситиот не го верува гладниот. Затоа имаме власт која што не ги разбира потребите на граѓаните кои бараат достоинствен живот, па мислат дека со фрлање на трошки кон граѓаните ќе купат социјален мир дури кога некој друг од власта товари милиони во своите џебови, рече Арсовски.
Тој смета дека Македонија забрзано оди кон економски колапс дури хациенди никнуваат во Грција или кој знае каде на друго место во Европа и светот.
А, за тоа можеби ќе дознаемо во иднина. Јавноста мора да добие одговори, кој ги поседува овие вили, кои странските медиуми ги поврзуваат со Заеви? Како се стекнати овие вили? Колку чинат овие луксузни вили? И од каде се парите за вакво луксузирање и купување на вакви хациенди?, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мафијата, како што рече Арсовски, за жал го осиромашува народот. Тоа е тажната вистина за Македонија, заврши тој.