Економија 16. август 2020. / 13:34

Арсовски: Два дена по моја објава, Ангеловска го пријавила станот и испразнетата сметка од „Еуростандард Банка”

Арсовски: Два дена по моја објава, Ангеловска го пријавила станот и испразнетата сметка од „Еуростандард Банка”

Министерката за финансии Нина Ангеловска во своја изјава вели дека кога го купила станот за да си го реши станбеното прашање бил уредно пријавен во ДКСК. Мало потсетување: Според моите информации, Нина Ангеловска станот во ДКСК, заедно со последните 50.000€ депозит извадени од “Еуростандард Банка” ги пријавува на 24 јуни 2020 година, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој вели ако не е точно дека на 24 јуни пријавува промена на анкетен лист, нека го демантира.

Јас, документите за станот кој го поседува Ангеловска, а го криеше, ги објавив на 22 јуни. Дали Нина Ангеловска го пријавила станот и испразнетата сметка од „Еуростандард Банка” 2 дена откако ги објавив информациите?, прашува Арсовски.

Дали ДКСК отвори случај за ова? -НЕ

Дали Нина Ангеловска сноси одговорност за ова? -НЕ

Дали макар ја казнија и со прекршочна пријава за задоцнет анкетен лист после промена? -НЕ

Дали ќе сноси одговорност? – НОРМАЛНО ДЕКА НЕ

Антикорупциска комисија ако не отвори случај сега и не го реши сето ова, се класични соучесници и помагатели на Нина Ангеловска..

Во прилог фото: