Економија 19. април 2020. / 11:42

Априлските пензии на банкомат од 25-ти, а на шалтер според висината на пензијата од 27 април

Априлските пензии на банкомат од 25-ти, а на шалтер според висината на пензијата од 27 април

Владата донесе одлука со која ќе им препорача на банките да обезбедат средства за априлските пензии и тие да ги исплатат во текот на последната недела од април.

Притоа, оваа одлука предвидува на банкоматите и во трговската мрежа граѓаните да може да располагаат со пензиите од петок, 24 април, додека преку банкарските филијали и експозитури исплатата на пензиите да се врши во четири групи. Тие групи се направени според висината на пензијата, а секоја од групите ќе има одреден ден кога ќе може да се подигне пензијата на шалтер.

Четирите групи се направени според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.