Економија 27. март 2019. / 22:59

Антикорупциска: Синот на Мира ,,Дизел” не ги исполнувал условите за да биде вработен во ЕЛЕМ

Антикорупциска: Синот на Мира ,,Дизел” не ги исполнувал условите за да биде вработен во ЕЛЕМ

Комисијата за спречување на корупција утврдила неправилност при вработувањето на синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска кој е вработен во ЕЛЕМ, пренесе ТВ24.

Според извори на телевизијата, синот на Стојчевска не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување.

Неправилности имало и кај дел од вработувањата на другите роднини на функционери. Според најавата, овие предмети треба да бидат целосно завршени следната недела.