Економија 14. јули 2019. / 18:25

Анѓушев: За неполна година половина од патот Кичево-Охрид ќе биде пуштен во употреба

Анѓушев: За неполна година половина од патот Кичево-Охрид ќе биде пуштен во употреба

Главната причина за застојот на изградбата на патот Кичево-Охрид кој траел четири години, било недостигот на финансиски средства, а сега фокусот е за период не подолг од една година, половина од тој пат да биде пуштен во употреба.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител, напоменувајќи дека одобрението за кредитот од Ексим банка го добиле пред два дена.

Целото интервју со Анѓушев можете да го погледнете на Сител.