Владата се радува на успехот на компаниите, тие се основата на одржлив економски раст, рече вицепремиерот Анѓушев при посетата.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во рамките на активностите за презентација на измените и дополните на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Предлог законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата, ги посети компаниите Руен Инокс Аутомобиле и Пејпер Мил во Кочани, кои последните години бележат раст на приходите и на бројот на вработени.
Двете компании се лоцирани во индустриската зона во Кочани, преземени од сегашните сопственици во незавидна состојба, а во последните години реализираат нови инвестиции со кои се унапредува технолошкиот развој и се зголемува нивната продуктивност.