Економија 23. јули 2019. / 19:12

Анѓушев: Владата и бизнис-секторот креираат политики за побрз и одржлив економски раст

Анѓушев: Владата и бизнис-секторот креираат политики за побрз и одржлив економски раст

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната трета седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог истакна дека Владата и бизнис-секторот имаат отворена и искрена комуникација, преку која се креираат и имплементираат најсоодветни политики за побрз и одржлив економски раст во државата.

Средбата се одржа во рамките на Проектот за подобра бизнис регулатива, спроведуван од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија, во соработка си ЕПИ центар, поддржан од УСАИД.

Како што соопшти Кабинетот на Анѓушев, вицепремиерот нагласи дека со меѓусебна соработка помеѓу Владата и стопанството, претставувано од стопанските комори, во изминатиот период се донесени низа економски политики, закони и мерки, кои се во насока на технолошки развоj и воведување иновации, а со тоа и подигнување на конкурентноста на компаниите, но и за раст на плати и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Законот за финансиска поддршка овозможува подеднаква поддршка за домашните и странските компании, со новиот Закон за енергетика се раздвижува енергетскиот сектор и се овозможени инвестиции во обновливите извори на енергија, Законот за јавни набавки и Законот за практиканство, сите овие законски решенија се донесени преку отворени дебати и на барање на стопанството, пред се во насока на подобрување на бизнис климата во земјата – посочи Анѓушев.

Вицепремиерот дополни дека продолжуваат активностите во изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура, како и гасификацијата и електро енергетските проекти, за зголемување на конкурентноста на економијата.