Економија 14. јули 2019. / 20:56

Анѓушев: Стандардот на граѓаните расте, економските резултати се подобри од било кога

Анѓушев: Стандардот на граѓаните расте, економските резултати се подобри од било кога

Ветувањето на Владата е дека просечната плата ќе биде 500 евра, до крајот на мандатот, а тоа да се достигне, потребно е да просечните плати се покачат за околу 70 евра. Владата има план како да се покачат платите и ќе се постигне ветениот резултат, кажа вицепремиерот Анѓушев на вестите на „Сител“ телевизија.

Цената на електричната енергија е иста три години, просечните плати растат за околу 6%, цената на електричната енергија веќе три години е иста, а ЕСМ бележи акумилирана добивка од 40 милиони евра и ликвидни средств од 80 милиони евра. Во овие две години 50.000 лица се вработија, што покажува дека стандардот на граѓаните расте. Економските разултати во последните шест месеци се подобри од било кога претходно и во поглед на нивото на странски директни инвестиции, растот на БДП, рекордно ниска невработеност и највисока вработеност, тврди Анѓушев.