Економија 15. април 2018. / 16:26

Анѓушев: Швајцарската реномирана компанија „Баумер“ инвестира во Македонија

Анѓушев: Швајцарската реномирана компанија „Баумер“ инвестира во Македонија

Нови 10 инвестиции се влезени во земјава за само 10 месеци по новите транспарентни мерки од Планот за економски раст со нула денари за маркетинг, соопшти вицепремиерот Кочи Анѓушев.

– Последната е реномираната швајцарска компанија „Баумер“ која дојде во Македонија за само 3 месеци. Разликата е што ние ги донесовме со нула денари за маркетинг. Ве охрабрувам да го следите процесот, ќе има уште осумнаесет нови инвестиции во следниот период – изјави Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека успех на оваа Влада е тоа што за само три месеци од почеток на преговорите преку транспарентите мерки од Планот за економски раст инвеститорите се одлучуваат да инвестираат во земјава, за разлика од порано, кога им биле потребни три години.

На една од последните седници, Владата ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината, со Нацрт – договор за долготраен закуп за компанијата „Баумер ДООЕЛ Скопје“, чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.