Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска истакна дека растот на економијата е резултат на растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделството и трговијата и дека тоа сето тоа делува и на природен раст на платите.
Државниот завод за статистика денес објави дека бруто просечата плата во јули 2019 година во однос на истиот месец лани пораснала за 5,5 отсто, додека просечната нето плата е зголемена за 4,3 отсто, а просечната нето плата веќе изнесува над 25 илјади денари. Растот на платите не е возможен без раст на индустријата, нагласи Анѓушев одговарајќи на новинарски прашање.
Се радувам што растот на бруто домашниот производ, кој во последните квартали е особено позитивен, е базиран на работата на реалниот сектор. Сите економски параметри се компатибилни, речиси со ист процент растат платите, индустриското производство, како и приходите во буџетот и тоа е една логична целина , истакна Анѓушев