Економија 27. декември 2018. / 20:49

Анѓушев: Над 1.5 милијарда евра ќе чинат инфраструктурите проекти кои се планирани за 2019 година

Анѓушев: Над 1.5 милијарда евра ќе чинат инфраструктурите проекти кои се планирани за 2019 година

Над 1.5 милијарда евра ќе чинат инфраструктурите проекти кои се планирани за 2019 година. Ова го изјави вицепремиерот, Кочо Анѓушев, во рамки на средба со економскиот ресор. Еден од проектите е и автопатот Скопје – Блаце.

Покрај автопатот Кичево – Охрид кој ќе продолжи да се гради, се градат експресните патишта, Штип – Радовиш, се гради Штип – Кочани, се гради излезот кај Куманово кон Крива Паланка, се гради излезот од Градско кон Прилеп, ќе се гради Скопје – Блаце. Ова се проекти од една груба бројка, од над една и пол милијарда евра заедно со железницата од втората фаза, којашто сега се тендерираше и сега е во фаза на евалуација, далекуводот од Република Македонија кон Албанија во вредност од 50 милиони евра кој е проектиран, а ќе се распише во јануари, изјави Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.