Економија 02. декември 2019. / 21:37

Анѓушев: Минималната плата е со цел да се заштитат работниците кои немаат алтернатива

Анѓушев: Минималната плата е со цел да се заштитат работниците кои немаат алтернатива

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Ангушев во интервју за Тв 24 вечерва изјави дека минималната плата е со цел да се заштитат работниците кои немаат алтернатива.

Ангушев вели дека во пасивните краеви во Македонија, а како пример ги наведе текстилните работнички кои се во поодминати години, тие немаат избор, не можат да се иселат и мораат да работат, со што ќе им биде загарантирана минималната плата.

Toj тврди дека во овие две години не се правело пиар од вестите за нови работни места, а вели дека претходно се создавала слика дека имаме економски бум.