Економија 15. ноември 2018. / 15:33

Анѓушев: Јавниот долг стагнира во зголемувањето

Анѓушев: Јавниот долг стагнира во зголемувањето

Јавниот долг според вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев не расте забрзано, туку бележи стагнација во зголемувањето.

Смета дека државата е влезена во помирни води во споредба со претходните години и дека веќе постои поголема стабилност на фискалната политика. Според проекциите на Владата за буџетот за идната година, јавниот долг во 2019 – та ќе порасне за 600 милиони евра. Официјално, јавниот долг веќе надмина пет милијадри евра.

– Ценам дека таквото задолжување е одржливо и апсолутно нема да ги поремети финансиските текови во Република Македонија. – истакна Анѓушев.