Економија 15. мај 2020. / 10:40

Ангеловска: Преку мерката „14.500 денари по вработен“ исплатени 14,3 милиони евра

Ангеловска: Преку мерката „14.500 денари по вработен“ исплатени 14,3 милиони евра

Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска, објави дека преку мерката „14.500 денари по вработен“ се исплатени над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми.

Управата за јавни приходи ги доставува барањата до Генералниот секретаријат, кој префрла средства до компаниите. Забрзано се работи кон сервисирање на сите одобрени апликации. Преку оваа мерка ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно ликвидносно ќе се помогне и стопанството – наведува Ангеловска.