Економија 24. април 2020. / 14:21

Ангеловска предлага отварање на „онлајн-обложувалници“

Ангеловска предлага отварање на „онлајн-обложувалници“

Министерството за финансии предлага „онлајн-обложувалници“ наместо вообичаените обложувалници низ земјава, пренесува АлсатМ.

Овој предлог денеска е и на дневен ред на Владата. Изворите на Алсат во Владата велат дека со ова решение би дошло до затворање на објектите на обложувалниците, а државата очекува од „онлајн“ обложувањето да инкасира и до 50 милиони евра годишно.

За безбедноста на обложувањето и на плаќањата, имајќи предвид дека во многу случаи станува збор за офшор компании кои се во оваа дејност, нешите извори велат дека за тоа ќе има банкарски гаранции.