Телевизија Алфа во вестите во 12:30часот праша дали министерката за финансии имала интерни информации дека Еуростандард ќе пропадне за да си ги извади парите навреме?
Нина Ангеловска ги повлекла парите од Еуростандард во јануари и јуни годинава, односно последната промена е направена само два месеци пред Народната банка да и ја одземе дозволата за работа на банката.
Mинистерката за финансии Нина Ангеловска била еден од штедачите во Еуростандард Банка. Во својот анкетен лист доставен до ДКСК таа навела дека во оваа банка имала орочено 200.000 евра.