Ќе направиме и правиме се што треба, за да ги задржиме сите работни места и сите деловни капацитети, напиша министерката Нина Ангеловска на Фејсбук.
Го одбравме здравјето на прво место. Тоа значи дека некои мерки кои ќе делуваат за заштита на здравјето, ќе ја успоруваат економската активност. Но ќе го пребродиме ова и ќе излеземе посилни !Многу се зборуваше деновиве на тема буџет. Јавноста мора да знае дека буџетот не е „куп пари“ коишто ги има државата на почеток на годината, па се распределуваат, туку е проекција за тоа како ќе се полни државната каса, односно приходите и соодветно како ќе се трошат собраните пари односно расходите.По завршеток на месецот, јасно и транспарентно ќе информираме за ефектите на коронакризата врз буџетот, исто како што го правевме тоа и во добрите времиња. Бидете уверени дека правиме се што треба за да ја надминеме оваа ситуација – сите заедно, одговорно и солидарно, напиша Ангеловска.