САД го постави новиот рекорд на најдолга економска експанзија, пренесува qz.com
Само што започна 121от месец на интензивен раст од јуни 2009 година, утврди Националното Биро за економски истражувања. Претходниот рекорд беше 120 месеци на економски раст, кој траеше од месец март 1991 година до март 2001 година.
Заедно со оваа рекордна експанзија, САД, исто така, се наоѓа во најдолгиот период на месечно зголемување на работни места, според податоците на не-земјоделските платни податоци на Одделот за труд. Дури и стапката на невработеност е на најниска земено од 1969 година.
Секако, се подразбира дека не секој месец од овој економски раст бил сјаен. Во првите месеци започна битката со најголемата рецесија после „Големата Депресија“. Од тогаш голем дел од растот се одржуваше со најниски каматни стапки и масивно купување на средства од централната банка.
Како што експанзијата „старее“, станува сложено да се управува. Во моментов, Федералните резерви се подготвени да ги намалат каматните стапки оваа година за да ја прошират експанзијата бидејќи негативна американска трговска политика, особено против Кина, и постојано ниската инфлација можат да го загрозат овој рекорден период на економски раст.