Регион,Анализи 08. јули 2020. / 18:24

Анализа: Што може да научиме од изборите во Хрватска?

Анализа: Што може да научиме од изборите во Хрватска?

Во неделата во Хрватска се одржаа парламентарни избори. Резултатот и неколку клучни поенти ќе бидат коментирани од двајца политички новинари. Дел од темите се:

  • Хрватите одбраа центар-десно, ХДЗ убедлив победник.
  • Со добри финансии и обединувачка платформа, се докажа дека модерен конзерватизам успева – одличен успех на конзервативците “Домовински покрет” на Мирослав Шкоро.
  • Влез на новата и модерна ЛЕВИЦА која исполни простор од дебаклот на социјал-демократите.
  • Можно ли е слично сценарио во Македонија? Убедлива победа во десно со влез на новата Левица?

пишуваат: Уредник на хрватскиот „Energy press“ Иван Бродиќ и Цветин Чилиманов, политички аналитичар и новинар.

Ако го погледнеме опасниот тренд на левите партии, во регионот и глобално, ќе видиме со каква леснотија левичарските политичари си играат со основните статички столбови на цивилизираното општество. Семејството, се што знаеме за принципите на економијата, граѓанскиот однос кон општеството и обврските што ги имаме кон другите граѓани, односот кон минатото и градењето на колективна свест и начинот на образување на децата. Во партии кои се претставуваат како средно леви партии, пристапот кон сите овие фундаментални прашања е веќе до таа мерка исчашен и опасен што нема друг избор освен мобилизација и организирање на десната страна, за да се пружи сериозен одговор.

„Тој одговор гледаме дека го пружаат партиите во повеќе средноевропски држави, како Унгарија, Полска, Чешка. Гледаме силна реакција во САД, Британија, Италија, Франција. И конечно, гледаме како десно ориентирани партии успешно ја преземаат власта и ги одбиваат антицивилизациските притисоци на левицата во низа земји на Балканот“ – вели Чилиманов.

Најнов таков успех е убедливиот реизбор на партијата ХДЗ во Хрватска, која покажа дека е отворена кон автентични десничарски гласови кои не мора да доаѓаат од нејзините редови, како и успехот на други принципиелни десни партии во оваа земја. Во  Словенија исто така видовме силни обиди да се спречи природната реакција на граѓаните кои сакаа десна влада да го раздвижат политичкото мочуриште во кое живееа долго време, но овој отпор не успеа и Словенија сега е под енергично десничарско раководство на Јанез Јанша.

Можеби ниту една држава на Балканот не се соочи со толку агресивен упад на левицата, која ја презема власта кршејќи ги сите правила на цивилизираното, демократско општество, и тргна на пат кој, ако не се спречи бргу, ќе ги разниша темелите на македонската држава. Македонците мораат да се приклучат на регионалното и глобалното движење на десницата, доколку сакаат да имаат своја држава, и да го зачуваат цивилизираниот однос кон своето минато, кон своите семејства, кон тоа што значи да се биде граѓанин со права и обврски, и да се себе-продолжат низ своите семејства.

„Според изборните резултати, видливо е дека во хрватска победи политичкиот “mindset” позициониран од центар према десно. ХДЗ се убедливи победници и реално не им треба никаков партнер за формирање на власт. По мое мислење тоа е добро бидејќи полесно ќе се носат одлуките кои се сметаат за корисни во време на криза. А кризата ќе биде доста длабока“ – вели хрватскиот политички новинар Иван Бродиќ.

На овие избори се покажа и докажа дека со добра организација и финансиски план, успехот на цврста конзервативна коалиција е возможен. Тоа го постига движењето „Домовински покрет”. Тоа што е важно за нивниот влез е дека во Хрватска ќе имаме силен коректив на десницата и конзервативни и национални вредности наспротив глобализмот кој доминира кај Анреј Пленковиќ.

„Тоа што со сигурност може да се заклучи е дека социјал-демократите “SPD” доживеаа дебакл на овие избори. Нивниот простор го освои новата и млада хрватска ЛЕВИЦА која беше дел од коалицијата “Можеме”. Тие се како лубеница, однадвор зелени (greens), а одвнатре црвени (социјалисти). Сепак, дечките со своите иновативни политики успеаа да добијат простор во досадниот левичарски дел од SPD“ – вели Бродиќ.

Дали Македонија ја очекува исто сценарио следната недела останува да видиме. Но се посигурна и поизвесна е победата на десницата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но и можен влез на новата Левица која би пополнила простор од гласачкото тело на моменталната македонска позиција.