Живот 27. јуни 2018. / 11:31

Зголемен водостојот на реките

Зголемен водостојот на реките

Неделната хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи покажува зголемен водостој во однос на просекот за јуни на реките Пчиња кај Катлановска бања, Вардар кај Демир Капија и кај Велес, Брегалница кај Штип и Црна Река.

Пониско ниво од просекот за јуни имаат Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев рид, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани.

Нивото на Охридското Езеро е два сантиметра над дозволениот максимален водостој, а на Дојранското е осум сантиметри над договорениот максимален водостој, информира УХМР.