Морковот е уште еден зеленчук кој што е исклучително поволен за нашето здравје, лесно и секогаш достапен и тоа по сосема пристапна цена. Овој зеленчук најчесто се употребува за подготовка на различни готвени јадења, но сега се почесто се користи и за подготовка на свежи салати или свежи сокови. Секако дека употребата на морков во свежа форма би била најпрепорачана, но никако не може да биде погрешно и неговото додавање во разни благи или солени готвени специјалитети. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од консумирањето на морков.
1.Ви го подобрува видот. Уште во старо време се верувало дека морковите се добри за вашите очи. Ова верување е оправдано поради фактот дека морковите се одличен извор на бета-каротен, пигмент кој во нашиот црн дроб се конвертира во витамин А. Овој витамин, во ретината (дел од окото) се трансформира во родопсин-виолетов пигмент неопходен за ноќно гледање. Бета-каротенот исто така штити и од макуларна дегенерација, и старечка катаракта.
2.Помага во превенција на малигни заболувања. Истражувањата покажале дека морковот може да го намали ризикот од рак на белите дробови, рак на дојка и рак на дебело црево.
3.Го забавува стареењето. Високата концентрација на бета-каротен во морковот делува антиоксидантно и го спречува оштетувањето на клетките во телото кое настанува при нормалните метаболички реакции. Така се постигнува забавување на стареењето на клетките.
4.Го подобрува здравјето на кожата. Витамин А и останатите антиоксиданти ја заштитуваат кожата од оштетување од сонцето. Дефицит на овој витамин може да предизвика појава на сушење на кожата, косата и ноктите. Витаминот А спречува акни, сува кожа, пигментација на кожата и појава на нееднаква боја на кожата.
5.Помага во спречување на инфекција. Морковите се познати кај хербалистите како спречувачи на инфекции. Може да се користат во сурова или во варена форма.
6.Спречува појава на срцеви болести. Студиите покажуваат дека исхраната богата со каротеноиди е поврзана со намален ризик од појава на срцеви болести. Покрај бета-каротените, морковите содржат и алфа-каротен и лутеин. Редовната употреба на морков исто така го намалува и нивото на холестерол поради тоа што содржи растворливи влакна кои ги врзуваат и ги исфрлаат жолчните киселини од телото.
7.Го прочистува телото. Витаминот А му помага на црниот дроб во исфрлање на сите токсини од телото. Ја редуцира концентрацијата на жолчка и масти во црниот дроб. Влакната кои се присутни во морковите помагаат во прочистување на цревата, и нивна подобра функција.
8.Ги штити забите и непцата. Морковот ги чисти вашите заби и непца исто како паста за заби. Исто така ги стимулира непцата и предизвикува лачење на повеќе плунка која е алкална и спречува раст на бактериите кои продуцираат киселина и предизвикуваат кариес. Минералите во морковот превенираат оштетувања на забите.
9.Превенира мозочен удар. Во една студија на универзитетот Харвард, лицата кои јаделе пет или повеќе моркови неделно, имале помали шанси за да доживеат мозочен удар, за разлика од оние кои јаделе само еден морков месечно или помалку.