Од недела попладне, преку ноќта и во понеделник во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.
Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.