Живот

Затворениците во Македонија ќе одат во театар и на концерти

Затворениците во Македонија ќе одат во театар и на концерти

Најпримерните затвореници ќе посетуваат театар и музички манифестации, а ќе имаат можност и да се обучуваат за копаничари, вајари и сликари. Министерството за култура и истражниот затвор Скопје почнуваат проект со кој ќе се развиваат културно – уметнички содржини за осудениците, како една од најранливите категории граѓани, пренесе Сител.

Ресоцијализацијата на лицата кои се наоѓаат во затвор ќе има за цел, тие што по подготвени да го прифатат периодот по излегување од затворот “Шутка”.

Ова е прва ваква мерка која што се воведува за подобрување на условите на затворениците, од формирањето на истражниот затвор Скопје во 1968 година. Реализацијата на проектот ќе почне со посета на културно уметнички манифестации, а истата не ги опфаќа лицата кои се во притвор.