Живот 22. септември 2018. / 16:22

За светскиот ден без автомобили УМС на ВМРО-ДПМНЕ организира акција за возење на велосипед

За светскиот ден без автомобили УМС на ВМРО-ДПМНЕ организира акција за возење на велосипед

Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, по повод светскиот ден без автомобили, организираше акција за возење на велосипед, со цел да ја подигнат свеста кај младите се повеќе да го користат ова превозно средство.

„Да бидеме пример. Да користиме велосипед и да го намалиме на неопходна нужност користењето на автомобили, кои се голем загадувач на животната средина.
За чист воздух! За чисто Скопје!“, објавија на Фејсбук.