Во денешно време, тешко е да се биде мајка, сопруга, домаќинка, посветена на домот и работата, сопругот, децата, пријателите. Се чини како да сме ставени во барабан во кој постојано вртиме и треба да даваме се од себе за да имаме се.
Во таквата трка со животот и обврските и одговорностите кои ги носи, многу жени забораваат на себе.
Тие забораваат на тоа што го сакаат и им е потребно, забораваат на нивните желби, ставови, мечти.
Како да мораат да исполнат некакви цели и ветувања кон другите секој ден, односно секоја минута од него и кога веќе ќе дојде крајот на денот, нурнуваат во сон и се обидуваат што побрзо да заспијат, за да можат да се одморат и да продолжат со следниот ден, скоро ист како претходниот.
Но, зарем сето тоа не е борба со ветерници?
Силна жено, престани да даваш се од себе без да си ја одземаш моќта. Не се труди онаму кадешто твојот труд не е ценет.