Неколку ученици од едно основно училиште од Аукленд, Нов Зеланд признале дека лажеле дека биле злоставувани од нивниот наставник. Нивната цел била тој да биде избркан од работа и да заврши во затвор.
Наставникот на суд изјавил дека после овие лажни обвинувања неговиот живот се претворил во пекол. Наставникот сега мора да посетува психијатар и со голема помош на пријателите и семејството да се избори со неговата депресија која настанала поради лажните обвинувања.