Времето претпладне ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, а попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните од 28 до 35 степени.
И во Скопје ќе биде слично време, претпладне сончево, а попладне и во Скопската котлина ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 33 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските делови. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.