Живот 15. септември 2018. / 09:16

Времето сончево со температура до 34 степени

Времето сончево со температура до 34 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб, долж Повардарието, умерен северозападен ветер. Во северните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе изнесува 6.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16 степени, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 32 степена.

Стабилното, суво и релативно топло време ќе продолжи и во наредните денови. Во текот на утрешниот ден во северозападниот планински дел ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд.