Живот

Времето денеска сончево

Времето денеска сончево

Времето денеска ќе биде сончево, а попладне во источните делови ќе има појава на мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 26 степени Целзиусови, соопштија синоптичарите.

Времето и во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер и температура до 24 степени.

Од петок на повеќе места во земјава ќе има умерено наоблачување. И во наредните денови утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.