Времето денеска ќе биде претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен југоисточен ветер, со максимална дневна температура од 24 степени.
Од утре ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.