Живот 11. ноември 2018. / 09:18

Времето денеска ќе биде сончево

Времето денеска ќе биде сончево

Времето денеска ќе биде сончево, особено на север, додека на југ се очекува облачно претпладне. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен, соопштуваат синоптичарите.

Во Скопско попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер, а температурата ќе биде до 18 степени.

Утринава имаше магла во Скопско, Тетовско и Струмичко, во останатите делови од земајава имаше мала до умерена облачност и понекаде дуваше и слаб променлив ветер.

Во наредните неколку денови ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла во одредени котлини. До средината на неделата температурите на одредени места во земајва ќе надминат 20 степени, а од среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури, соопштуваат од УХМР.