Живот

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне локален дожд

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне локален дожд

Во Македонија денеска ќе има претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот, а попладне во југоисточните предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 26 Целзиусови степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.