Живот 21. јуни 2018. / 09:33

Временска прогноза за денес

Временска прогноза за денес

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови, според прогнозата на УХМР, ќе биде пооблачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните од 26 до 34 степени.

До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови.

За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.