Живот 19. мај 2018. / 13:10

Во живо: Започна кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл (ВИДЕО)

Во живо: Започна кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл (ВИДЕО)

Принцот Хари и Меган Маркл денеска ќе се венчаат во капелата во дворецот во Виндзор, а церемонијата директно од местото ќе ја следат 600 лица, а преку телевизија целиот свет.

Венчавката ќе почне во 12 часот по локално време.

Во Виндзор веќе почнаа да пристигнуваат првите гости, меѓу кои Опра Винфри, пејачот Џејмс Блант и актерот Идрис Елба.

Набрзо стигнаа и Викторија и Дејвид Бекам, Елтон Џон со партнерот Дејвид Фурниш, како и Амал и Џорџ Клуни. Таму е и Серена Вилијамс.

Вчера беа завршени последните подготовки, а пробата со возењето со кочија предизвика внимание на стотици луѓе. Кралската двојка помина во автомобил во придружба на полицијата.

Безбедносните мерки ќе бидат засилени околу дворецот Виндзор.