Живот 17. октомври 2018. / 20:37

Во тунелот „1“ на патот Гевгелија – Скопје ќе се вози по една лента, со ограничена брзина

Во тунелот „1“ на патот Гевгелија – Скопје ќе се вози по една лента, со ограничена брзина

Со ограничена брзина на 40 километри на час и по една лента ќе се одвива вечерва од 23:00 до 00:00 часот сообраќајот во тунелот 1 – Демир Капија, на патниот правец Гевгелија – Скопје, соопшти АМСМ.

Причина за промена на сообраќајниот режим е санирањето дефект на дел од опремата во тунелот.