Живот

Во Македонија е вградено првото целосно вештачко срце

Во Македонија е вградено првото целосно вештачко срце

Благодарение на револуционернот зафат, вградување на  целосно вештачко срце на тимот доктори предводени од Александар Николиќ, во Клиничката болницата Аџибадем Систина, 46 годишен маж од Штип доби драгоцено време да дочека соодветен орган и трансплантација, а клиниката се вброи на самиот врв во светските установи кои работат механичка срцева потпора.

Пациентот кој е опериран пред неколку денови  е во свесна состојба и опоравува.

Пациентот се чувствува многу доберо, операцијата која траеше пет часа помина фино, операцијата е направена  во вторник вечерта, денеска веќе пациентот стана од кревет направи два три чекори, резултатите се исклучително добри, позитивно сме изненадени  и среќни што неговото опоравување се одвива бепрекорно.

Ова  е голем исчекор за македонската кардиохиругијаа, изведување на оваа интервенција кардиохирушкиот тим поминал стручна едукација во Германија, вкупно во светот се изведени 18.000 вакви операции.

Големината на механичкото срце е како природното, се полни на батерии, кои пациентот по излегувањето од болницата ќе го носи на грбот, со тежина од шест килограми. Оваа операција на пациентот ќе треба да му овозможи пристоен живот во следните шест години.