Живот 14. мај 2018. / 18:34

Во Газа повреден новинар на Ал Џазира

Во Газа повреден новинар на Ал Џазира

Телевизиската мрежа Ал Џазира јави дека еден нејзин новинар е повреден за време на денешниот протест во Газа по повод отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим.

– Новинарот Вале Дадух го ранија израелските сили со боева муниција, се наведува во соопштението на Ал Џазира.

Телевизиската мрежа не наведува информации за здравствената состојба на новинарот.

Израелските сили отворија оган врз Палестинците кои протестираа на границата помеѓу Појасот Газа и Израел поради Американската амбасада во Ерусалим, при што загинаа најмалку 41 Палестинци.