Во текот на попладнево како и во вечерните часови времето во државава ќе биде нестабилно облачно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни проследени со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, силни електрични пранзења, засилен ветер и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Да напоменеме дека моментално источната половина на државава е зафатена од поголема нестабилност.
Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.