Нискобуџетната авиокомпанија Визер ги потсетува сите патници дека по 1 ноември 2018 година стапуваат на сила измените во политиката на компанијата.
Од 1 ноември секој патник има право да понесе една бесплатна рачна торба (40x30x20 cm) во кабината, додека оние патници кои купуваат Виз Приорити ќе имаат можност да носат мал куфер (55x40x23 cm) исто така во кабината. Врз основа на повратните информации од купувачите и менувањето на патните правци, Визер воведе куфер со тежина од 10 килограми за check-in за поудобно патувачко искуство со цени почнувајќи од околу 7 евра.
Инаку пакетот Виз Приорити, вклучува торба за во кабина (40x30x20 см), мал куфер (55x40x23 cm) за во кабина, приоритетен check-in и приоритетен влез во авионот почнувајќи од 5 евра.