Живот 10. април 2018. / 16:46

Вистинско лето: Погледнете колку степени ќе изнесува температурата

Вистинско лето: Погледнете колку степени ќе изнесува температурата

Денеска температурите во Скопје се искачија до 24 степени, а низ Републиката се очекува и некој степен повеќе.
Температурите во текот на целата недела ќе бидат меѓу 6 и 8 степени повисоки од просекот за овој период од годината.
Утре ден сличен на денешниот со малку повеќе облаци но и високи температури од 23 степени во Скопје и нешто повеќе во појужните делови.
Во четврток почнува периодот на уште потопло време. Се до крајот на викендот во текот на денот температурите ќе си искачат над 25 степени во Скопје а не се исклучува можноста во некои делови од Македонија да ја видиме и првата триесетка.
На подолг рок прогнозите најавуваат услови за продор на постудена воздушна маса на почетокот на идната недела која максималните дневни температури ќе ги спушти на нивото на повеќегодишниот просек меѓу 17 и 19 степени и утрински околу 10.