Живот 23. ноември 2018. / 16:11

Викендов подгответе се за нов пресврт со времето

Викендов подгответе се за нов пресврт со времето

Утре времето ќе биде значително облачно со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 7 до 13 степени.

В недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 9 до 14 степени.