Живот 05. јули 2018. / 11:53

Викендот носи ново невреме

Викендот носи ново невреме

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. Индексот на УВ зрачењето ќе биде висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло претпладне, а во попладневните часови локално е можна појава на изолирани процеси проследени со грмежи и врнежи. Максималната дневна температура ќе достигне 29 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево и топло време, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.