Живот 03. октомври 2018. / 16:49

Викенд временска прогноза – повторно високи температури

Викенд временска прогноза – повторно високи температури

Времето во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 до 25 степени.

Во сабота времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 до 26 степени.

Во недела времето ќе биде умерено облачно, попладне во западните делови со услови за краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 20 до 27 степени, а со ова значи дека во недела температурата ќе биде на максимално ниво за овој месец.