За време на овој викенд од југ ќе навлезе малку потопла воздушна маса па така температурите на воздухот ќе бележат тенденција на покачување а ќе има и сончеви периоди, соопшти страната на Метеомакс.
Утре времето во државава ќе биде променливо облалачно со сончеви периоди а ќе биде и значително потопло.
Особено во текот на попладнето ќе има локална појава на дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец осоебно долж Повардарието и на југоисток.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени.
Во недела времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието повремено ќе засилуа на интензитет.
Во текот на попладневните часови во западните планински предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.